Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и Централна Азија денеска соопшти дека во источните украински градови Славјанск и Краматорск има недостиг од лекови и медицински материјали.
– Во Славјанск и во Краматорск итно се потребни лекови и медицински материјали за укажување на помош на повредените, изјави портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и Централна Азија, Давид-Пјер Марке.
Тој наведе Црвениот крст испратил основни лекови и медицински материјали во Славјанск и во Крматорск.