Украина е подготвена на нови разговори, ако Русија ги поддржи претседателските избори

Од:

Украина е подготвена да поддржи нов круг од преговорите во Женева, ако Русија ги поддржи претседателските избори на 25 мај, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андреј Дешчица, по седницата на министрите за надворешни на Советот на Европа во Виена.

– Ако Русија е подготвена да ги преземе ангажманите, дека ќе ги поддржи изборите, ќе ја елиминира поддршката за екстремистичките елементи во Украина, ние сме подготвени да спроведеме таков круг од преговори, рече Дешчица.

Тој истакна дека Владата може да поддржи друг круг од преговорите во Женева, ако сите страни се договорат да го применат документот, што таму ќе биде договорен.

Дешчица го отфрли барањето на Русија во новите разговори за Украина во Женева да бидат вклучени и проруските сепаратисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми