Врховната рада против „референдум-анкета“ на 25. мај

Од:

Врховната рада на Украина не прифати да биде организиран консултативен референдум на 25. мај за иднината на државата.

На затворена седница на Парламентот за одржување референдум, гласаа 154 пратеници, а беа неопходни 226 гласови „за“.

На референдумот требаше да се одговори со „да“ или „не“ на две прашања – Дали го поддржувате територијалниот интегритет на Украина одреден со Уставот, и второто прашање – Дали поддржувате одлука на локалните совети да биде воведен заедно со украинскиот и друг јазик во региони каде мнозинството зборува на тој јазик.

Седницата ја напуштија пратениците на Партијата на регионите во знак на протест поради тоа што беше затворена за јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми