Партијата на Кличко ќе бара смена на в.д. претседателот на Украина

Од:

Парламентарната група на Украинската демократска алијанса за реформи (УДАР) на Виталиј Кличко планира денеска да побара смена на Олександар Турчинов од функциите претседател на Врховната рада и времен претседател на Украина и на негово место да биде избран Петро Порошенко, кој е кандидат за шеф на државата на претстојните претседателски избори.

Пратеникот на УДАР, Серхиј Каплин изјави дека тоа ќе претставува историска одлука во корист на „претседателскиот кандидат со највисок рејтинг“.

– На тој начин Порошенко ќе биде ставен на тест, дали може да ја преземе земјата во сегашната форма и со соодветните предизвици, изјави Каплин.

Тој истакна дека Врховната рада би можела да го разгледа и прашањето за смена на министерот за внатрешни работи Арсениј Аваков.

Засега во украинскиот парламент со 450 места нема кворум. На седница се собираат околу 200 пратеници, а за донесување одлуки се потребни гласовите на најмалку 226 народни пратеници, наведува ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми