Претседателот на руската Државна дума, Сергеј Наришкин, кој се наоѓа во посета на Белград, денеска оцени дека дека во Украина се врши геноцид.
Како што јави ИТАР-ТАСС, отворајќи го форумот „Балкански дијалог 2014“ во белградскиот хотел „Хајат“, Наришкин изрази жалење до најблиските на жртвите од трагедијата во Одеса на 2 мај.
– Тоа е вистиски геноцид врз рускиот и украинскиот народ во 21 век, рече Наришкин.
Пред тоа, како што јави Танјуг, Наришкин положи венец на споменикот на „Вечниот оган“, посветен на жртвите на нападите на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.