Украински воен хеликоптер денеска е соборен во близина на градот Славјанск, кој е под контрола на проруските бунтовници, но пилотите преживеаја, соопшти Министерството за одбрана.
Хеликоптерот Ми-24 паднал во река.
Уште три хеликоптери се соборени од проруските бунтовници од почетокот на кризата во источна Украина.