Во Врховната рада поднесен е нацрт-закон за референдум на 25. мај за децентрализација на власта. Нацрт-законот е поднесен од премиерот на Украина Арсениј Јацењук.
Претходно тој зборуваше за неопходноста од разгледување во парламентот на нацрт-закон за референдум.
Тој референдум ќе биде за прашања кои се сега актуелни во Украина – прашања за единството, територијалната целина на државата и за децентрализација на власта, наведе тогаш премиерот.