Поројните дождови во Босна Херцеговина предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, кои блокираа некои патишта и претставуваа закана за домовите во некои населени места.
Нивото на водата на Уна, Сава и Врбас е над критичното, при што се активирани вонредните мерки за заштита од поплави.
Во Дистриктот Брчко се поплавени стотици куќи и се подготвува евакуација на населението, а свлечиштата создаваат најголеми проблеми во регионот на Бања Лука, каде за 24 часа паднаа 38,6 литри дожд на квадратен метар.
Магистралниот пат Тузла-Зворник е затворени за сообраќај од вчера, откако свлечиште однесе дел од асфалтот.
Поплавени се и локални патишта во северниот дел на БиХ, а десетици илјади жители на мали населени места останаа отсечени од светот.