Јацењук: Насилството во Одеса е дел од рускиот план за уништување на Украина

Од:

Насилството во Одеса, каде на 2 мај во судирите меѓу проруските и антируските демонстранти и пожарот во Домот на синдикатите загинаа 46 лица, е дел од рускиот план за уништување на Украина, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук. 

– Тоа што се случи во Одеса е дел од планот на Руската Федерација за уништување на Украина. Русија тука испрати луѓе за сеење хаос, но нашата земја треба да се обедини и помири, со цел на терористите поддржани од Москва да не им дава можност да го поделат народот -, изјави Јацењук на прес-конференција во Одеса по серијата средби со претставници на локалната власт и градската заедница.

– Целта на Русија беше во Одеса да се повтори тоа што се случува во источниот дел на земјата. Тоа е план, што е финансиран и организиран од професионалци, кои манипулираат со обичните луѓе, но нашето единство ќе биде најдобриот одговор на овие терористи – додаде Јацењук.

Тој информира дека сите началници на градската милиција се сменети заради несправување со своите задачи.

Јацењук изрази жалење до семејствата на „жртвите на оваа ужасна трагедија“ и увери дека ќе има истрага за оние кои не ги исполниле своите обврски.

Тој информира дека на Генералното обвинителство му наложил да формира заедничка истражно-оперативна група од сите оддели за откривање на „сите поттикнувачи, организатори и сите кои под руско раководство извршиле смртоносен напад врз Украина и Одеса“.

На 2. мај во центарот на Одеса избувнаа судири меѓу фудбалски навивачи дојдени од Харков, членови на екстремно десничарската радикална организација „Десен сектор“ и претставници на протестите од Мајдан во Киев, од една страна, и група проруски сепаратисти „приврзаници на  федерализацијата на Украина“, од друга.

Запалени беа Домот на синдикатите и кампот од шатори, каде се собираа потписи за поддршка на оддржувањето референдум за федерализација на Украина и прогласување на рускиот јазик за официјален. Во судирите беа убиени 46 лица, а над 200 беа ранети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми