Има ли излез од блокираното босанско општество?

Од:

Дали БиХ може да направи исчекор и да ги покрене реформите надвор од заедницата на европските држави, т.е. како изолиран остров, како што многу ја нарекуваат, поради неуспешниот процес на интеграциите? Дали ЕУ на оваа држава треба да наметне услови како да во неа немало војна? Ова се некои прашања на кои одговор даваат професори од сараевскиот Универзитет.

ЕУ треба да ја прими БиХ во своја закрила без посебни условувања, што сега е случај и што е цинично кон повоената и разурната држава, смета професорот од Факултетот за политички науки Сенадин Лавиќ. А за мирнодопската разореност придонесуваат политичките партии и нивните лидери, кои не се прилагодуваат на промените – вели Лавиќ:

– Владејачките политички партии немаат современи визии за иднината, а во согласност со некои европски и американски процеси. Или, зошто постојано треба да не исламизираат, католицизираат и православизираат, етнизираат, србизираат, босанизираат, кроатизираат, итн? Зарем не сме доволно Босанци, Срби, Хрвати, муслимани, православни, католици? Зошто дополнително треба да не зајакнуваат, да не пумпаат? Зошто нашите општествени и хуманистички науки ги игнорираат проблемите и тешките општествени прашања во дел се претвораат во апологетски дисциплини на замрзнатиот босански ум?

Тој замрзнат ум како главна цел има создавање на три национални држави во БиХ наспроти идеите за поврзување и интеграции. Тоа го потврдуваат и зборовите на социологот и политиколог Златко Хаџидедиќ:

– Проблемот со кој се сретнавме во БиХ е наизглед банален, но јас сметам дека тој ни дојде до глава. Ние своеите енторелигиски заедници уште одамна прифативме да ги нарекува нации. Било каде тој термин подразбираше еден вграден конструктивен принцип, а тоа е дека секоја нација претендира на тоа да поседува суверенитет и да создава сопствени закони, т.е. да поседува сопствена држава.

Состојбата во која БиХ тапка во место и нема промени, деканот на филозофскиот Факултет Салих Фочо ја нарекува блокирано општество, за кое со своите специјални барања придонесува и ЕУ:

– Од блокираното општесто само со радикални промени или пресврт, радикален раскин со хибридните, стари политики, всушност може да се покренеме од состојбата во која се наоѓаме. ЕУ, која го направи ова кон БиХ, ја бутка БиХ на украинскиот модел. Ако не се промени, БиХ ќе биде Украина. Во Украина имаше портокалова револуција. Но, условите кои ЕУ ги поставува пред БиХ, без оглед на сите разлики, не турка кон украинскиот модел.

Кој би можел да ги спроведе реформите потребни за граѓаните во БиХ? Како што вели професорот на Факултетот за политички науки Хидајет Реповац, тоа е средниот слој, кој за жал во БиХ го нема:

– Тоа формирање на елитата на една страна и огромниот сиромашен слој на другата страна е главна кочница за нашите интеграции во ЕУ. Од друга страна, не е доволно само да влеземе во ЕУ, туку треба и ЕУ да влезе во БиХ. Но, овој пат не како колонизатори. Овој пат ЕУ треба да влезе како фактор за развој на БиХ, во правец на евентуално приближување на Европа. Но, тие тоа не го сакаат. Мој заклучок е дека тие тоа не го сакаат. И токму поради тоа на некој начин и самите го поддржуваат националшовинистичкиот процес за раслојување на БиХ. И тука е главната кочница на нашиот развој, од било кој вид.

Паралелно со интегративните процеси, како што наведе професорот Мирко Пејановиќ од Факултетот за политички науки, често се поставува прашањето дали БиХ има политичка иднина како држава:

– Многумина се прашуваат и тука и надвор од БиХ. Некои прашуваат така што докажуваат дека нема, дека тоа е вештачка творба на меѓународната заедница, вештачка конструкција, многумина тоа и го посакуваат, да се разбереме, многу од тоа прават и платформи на изборните кампањи, а многу во кругот на меѓународните субјекти почнуваат да се делат по тоа прашање, дали оваа земја има иднина. За мене таа иднина е сосема извесна, но извесна е внатре во проектот и процесот на интеграциите во евроатланските институции.

Европската унија се изградува како простор на слобода, сигурност и правда. Од тоа БиХ е сеуште далеку, пред се поради постојаното споредување на мнозинството и малцинството – смета професорот по Фрањевачка теологија фра Миле Бабиќ:

– Она мнозинство што владее со малцинството, па никој не е слободен во тоа мнозинство. Таму никој нема човекови права, ни слобода на свеста, ни мисла, ни говор. Сите мислат како слепи лидери. И го спедат својот слеп лидер во заедничка пропаст. И кај нас секој ден постои тој колективизам. Каде и да одиш. Сите закони, уставот, па државните институции, прописите, мора да бидат објективирана слобода, остварена слобода која е објективна. А кај нас законите се што?! Погледни што прават од законите. Па само на врвот што е на власт, им служат тие закони. Тие само служат да владејат над луѓето и да манипулираат со нив.

Радио Слободна Европа – Прага

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници