Грчките новинари 24 часа ќе штрајкуваат

Од:

Грчките новинари ги напуштија своите редакции за 24 часа незадоволни од донесените мерките за штедење и големите намалувања на платите, кои според нив им го уништуваат медиумскиот сектор.

Во земјата денеска нема да бидат емитувани телевизиски или радио програми, Интернет страниците нема да бидат обновувани, а весниците и списанијата нема да излегуваат до среда.

До неодамна во Грција, имаше 11 тв канали, 71 радио станица, над 22 национални весници и голем број неделни и месечни списанија.

По почетокот на кризата голем дел од новинарите останаа без работа, а многу весници како „Апогевматини“, „Елефтеротипија“ и неделниот финансиски весник „Космос ту епендити“ не се печатат повеќе.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он