Јацењук: Судирите во Одеса се дел од рускиот план за уништување на Украина

Од:

Смртоносните судири и пожарот во Одеса, во кои загинаа над 40 лица, се дел од планот за уништување на Украина, што го поттикнува Русија, изјави денеска премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

– Цел на Русија е да го повтори во Одеса тоа што се случува во источниот дел на земјата, изјави Јацењук во Одеса, два дена по трагедијата во градот.

Најмногу лица загинаа во пожар на зграда на Домот на синдикати, во центарот на Одеса, каде се заштитиле проруски федералисти откако бил запален шатор во кои биле сместени пред зградата.

Јацењук ја обвини полицијата на Одеса дека билa повеќе заинтересиранa за корупција отколку за воспоставување на ред во овој црноморски град.

– Десетици убиени, последиците се добро подготвени и организирани акции против народот, против Украина и против Одеса, изјави Јацењук, отфрлајќи ги обвиненијата на Русија дека украинската влада ги предизвикала крвопролевањата во источниот дел на земјата.

Според руските медиуми виновници за пожарот се припадници на украинскиот ултранационалистички „Десен сектор“ и радикални групи за самоодбрана од Харков и Киев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми