А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Маратон по повод Денот на белодробната хипертензија

by А1он04/05/2014 - 10:26126
Share0

Со почесен маратон и културно-забавна програма денеска во Гевгелија ќе биде одбележан 5 Мај – Денот на пулмоналната (белодробна) хипертензија.

Добивај вести на вибер

Целта е подигнување на јавната свест за болеста преку нејзино рано дијагностицирање, третман и лечење.

Маратонот, долг четири километри, го организира здружението АПХ Момент плус – Македонија кое прв пат се вклучува во одбележување на Денот на пулмоналната хипертензија.

Пулмоналната хипертензија (ПХ) е тешко заболување што манифестира тешкотии при дишењето. Може да предизвика серија други заболувања, белодробни или срцеви, згрутчување на крвта,… Во некои случаи е наследна, а може да предизвика и смрт. Се појавува во разни форми од кои некои се ретки.

Според АПХ, многу е важно луѓето со ПХ да добијат точна дијагноза и прстап до потребните терапии. Затоа е неопходно да се дејствува веднаш, да се воспостават центри за дијагностика, третман и справување со болеста.

Денот на пулмоналната хипертензија годинава се одбележува под мотото „Остани без здив за ПХ“.

makedonija

Би можело да ве интересира

Македонија меѓу земјите за кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Горан Наумовски14/01/2026 - 18:4014/01/2026 - 19:02

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 21:40

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 17:33

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 14:11

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 11:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен