Некогаш пријателската Русија, сака да спроведе југословенско сценарио во Украина.
Верувам дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја понижи и дестабилизира нашата земја и да создаде југословенско сценарио.
Затоа и ги прикрива своите единици во униформи без ознаки, без обележје на земјата.
Ова го рече поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Таа додаде и дека Путин ги турка луѓето да се борат еден против друг како би им ја уништил земјата.
Во Украина во ноќта меѓу петокот и саботата во Одеса загинаа 46 луѓе, од кои 38 во подметнат пожар, во кој жртвите останаа заробени.