Иванов: Фестивалот е пример како се негува соживотот во Македонија

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Чалакли, Валандово, го отвори 23. пролетен фестивал на веселби „Хид Бах Шен Фест“.

Поздравувајќи ги учесниците, Иванов истакна дека фестивалот е пример како се негува соживотот во Македонија, традицијата, заедништвото, како треба наследството од нашите предци да се остави на следните генерации.

Жителите на Чалакли му ја честитаа победата на претседателските избори и искажаа огромна чест и благодарност до претседателот Иванов што трет пат е гостин на „Хид Бах Шен Фест“.

На меѓународниот фестивал кој традиционално го одбележува доаѓањето на пролетта, годинава настапија културно-уметничките друштва „Гоце Делчев“ и „Бахар“ од Валандово, музичкиот состав на Министерство за култура на Република Турција, како и фолклорни групи од Турција, Романија, Бугарија, Грција, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

„Хид Бах Шен Фест“ со одлука на Министерството за култура на Република Македонија од 2003 година е прогласен за манифестација од посебен национален интерес.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти