(ВИДЕО) Вo Краматорск се водат улични борби, има жртви

Од:

Во источниот украински град Краматорск, во Доњецката област, каде единиците на украинската армија спроведуваат специјална операција, се водат улични борби, соопшти дописникот на телевизискиот канал „Россија 24“, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Според непотврдени информации, во борбите има жртви.

Според дописникот на руската телевизија, луѓе во униформи, без препознатливи знаци, „стрелаат без предупредување врз секоја движечка цел“.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека украинските сили успеаеле под своја контрола да го земат телевизискиот центар во Краматорск.

Министерството, цитирано од ИТАР-ТАСС, информира, исто така, дека зградата на градската управа на Службата за безбедност на Украина премина под контрола на Националната гарда.

Локалната телевизија прикажа снимки како оклопни транспортери минуваат низ градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми