Борци на „Десен сектор“ масакрирале жители крај Славјанск

Од:

Десет загинати и над 40 ранети е епилогот на масакрот што го направија борци на „Десен сектор“ во селото Андреевка, крај Славјанск, наведуваат проруски сепаратисти од Донбас, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Борба и немаша во директна смисла на зборот, прецизира „народниот градоначалник“ на Славјанск Вјечеслав Пономарјов.

Екстремистите отвориле оган врз невооружена толпа на патот на средина од селото, изјави тој.

„Луѓето и го препречија патот на колоната на „Десен сектор“, и се обидоа со нив да преговараат. Како одговор се слушнаа автоматски рафали“, изјави Пономарјов.

Претходно беше соопштено дека во Андреевка мирните жители се обиделе да им попречат на борците од „Десниот сектор“ да стигнат до Славјанск. Локалните жители формирале жив синџир на патот пред камионите и оклопните возила.

Медиумите добија информација дека жителите на Андреевка постигнале договор со вооружените борци. Според постигнатиот договор, тие требало да ги испукаат своите патрони во воздух и да си заминат. Но, по неколку рафали во воздухот, борците на „Десен сектор“ отвориле оган врз толпата невооружени лица.

Првично проруските сепаратисти соопштија за еден загинат и неколку десетици ранети. Бројот на жртви, меѓутоа, расте со секои нови податоци.

– „Десен сектор“ не дозволуваше извлекување на ранетите и пукаше врз сите што ќе се доближеа до настраданите, изјави Пономарјов, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Во источниот украински град Краматорск, на југ од Славјанск, се водат тешки борби, изјави Васил Крутов, шефот на украинскиот антитерористички центар, цитиран од британските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми