ВИДЕО: Одеса во пламен, 38 загинати

Од:

Полицијата во украинскиот град Одеса соопшти дека 38 луѓе загинаа во пожарот во Домот на синдикатите кој се наоѓа во центарот на градот.

Според полицијата некои од настраданите се загушиле од чадот, додека други во обидот да побегнат од пожарот скокајќи од прозорците на зградата.

Зградата беше запалена од страна на припадниците на украинскиот ултранационалистички „Десен сектор“ и групите за самоодбрана на Харков и Киев, додека во неа се наоѓаа приврзаниците за федерализација на Украина.

Вратата и прозорците на зградата беа во пламен, се слушаа експлозии во зградата, а луѓе скокаа од прозорците.

Претходно, погинаа тројца, а 15 беа ранети во судирите во ценарот на Одеса помеѓу приврзаниците на украинската власт и проруската опозиција.

Кандидатот за градоначалник на Одеса, Генадиј Труханов, кој е член и на Врховната Рада побара од претседателот на Украина, Александар Турчинов да преземе мерки за да се воспостави ред во Одеса.

-Според проверени информации, нередите ги предизвикаа маргинални политички сили, од поранешни челници на градот кои настојуваат да се вратат на власт во Одеса. Тие не се задоволни со мирниот развој на ситуацијата. Бараат шанса да предизвикаат судири и се подготвени да донесат стотина радикали од другите региони за да ги остварат своите цели, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми