Украина ги отфрла обвиненијата на Москва дека Киев го крши Женевскиот договор

Од:

Украина денеска категорично ги отфрли обвинувањата на Русија дека Киев го крши Женевскиот договор, постигнатиот минатиот месец, нагласувајќи дека всушност Москва не презела никакви чекори за смирување на ситуацијата во источна Украина.

– Наместо тоа, Русија на многу начини ги поддржува терористичките групи, што дејствуваат во источните делови на Украина, кои изложуваат на опасност цивили, земаат заложници и создаваат атмосфера на терор и насилство, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Киев.

Министерството наведува дека Украина е подготвена да преговара со рускиот претставник за изнаоѓање излез од кризата, но посочува дека Киев не бил информиран за неговото пристигнување во Источна Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека по наредба на рускиот претседател Владимир Путин во југоисточна Украина е испратен неговиот специјален претставник Владимир Лукин, со цел да води преговори за ослободување на странските воени набљудувачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми