Проруските сепаратисти напуштија дел од зградите во Луганск, во Доњецк поставени барикади

Од:

Проруските сепаратисти денеска ги напуштија зградите на Градското собрание во Луганск во источна Украина и на регионалната радио и телевизија, информира украинскиот Петти телевизиски канал.

Како што јави ИТАР-ТАСС, „приврзаниците за федерализација на Украина“ претходно ја напуштиле и зградата на обвинителството, а во моментот тие продолжуваат со контрола на зградата на регионалната администрација, Украинската служба за безбедност и административниот суд.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска успеало да ги убеди сепаратистите да ги напуштат двете згради во Луганск.

Во исот време, сепаратисите поставуваат барикади околу телевизискиот центар во Доњецк, што од пред неколку дена емитува програми на четири руски телевизии.

– За да може да продолжи емитувањето и луѓето да добиваат точни информации, треба да се штити телевизијата во Доњецк, изјави Јуриј Литовец, претставник на самопрогласената „Доњецка Народна Република“.

Противниците на киевските власти ја зазедоа зградата на телевизискиот центар на 27 април и го обновија прекинатото емитување на руските телевизиски канали. Сотојбата во Доњецк останува мирна и не се поставуваат нови барикади.

Проруски сепаратисти го контролираат доњецкиот железнички центар во градот Јасинувата во Источниот дел на Украина. Движењето на возовите е речиси запрено, откако тие ја прекинале струјата, соопшти портпарол на доњецките железници.

Локалните проруски „сили за самоодбрана“ обвинуваат дека во операциите на централната власт во Киев во источниот дел на Украина во Доњецк учествуваат и странци. Тие тврдат дека пресретнатите радио врски во кои нивните противници разговараат на англиски јазик.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва бара да се испитаат информациите дека приватна американска воена компанија „Гејстоун“ учествува во конфилктот во Украина.

Според Лавров, во реонот се откриен магацин со американско оружје, а во серија инциденти се забележани и странци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми