Списанието за жени во 19 век содржело многу информации за уредување на градината и негувањето на цвеќињата, за музиката, за тоа како децата треба да ги почитуваат постарите, како и голем број разновидни рецепти, пишува Jezebe.com.
Во списанието е објавен и список на „Правила за среќна жена“:
1. Ниеден маж не сака жената да му биде сенка, но понекогаш сака да таа да се согласува со него, да биде слатка и да сочуствува со него, неговото расудување да управува со нејзиното и таа да го прифаќа негово мислење за луѓето и работите. Така тој ќе биде подговен да мисли за неа во други прилики.
2. Жената секогаш би требало да зборува добро за другите луѓе, ако не за друго, тоа го прави за доброто на нејзиниот маж. Тој сака да слуша за племенити, храбри луѓе, за оние кои живеат чесно, кои се среќни и се сакаат. Тоа ја враќа неговата верба во човечката природа, која така често ги покажува своите неубави страни.
3. – Мажот очекува неговата сопруга да биде подобра од него. Без оглед на тоа колку тој е религиозен, смета дека идеалната жена е секогаш чиста во душата како голем христијанин, и добар маж, како од дел на религијата ја смета вербата во тоа дека неговата жена е духовно на повисоко ниво и повеликодушна од него.
4. Ако секој ден облекувате ист фустан, имате иста фризура од година во година, можеби тој нема да престане да се однесува исто кон вас, но наскоро ќе престане да ве гледа на ист начин.
Во списанијата имале и мислења за долниот веш за лето: – Долниот веш за лето би требало да биде лесен и удобен. Не треба да биде тешко, туку лесно, а сепак доволно дебело да ве загрее и да спречи настинка.