„Народниот градоначалник“ на Славјанск ги повика жените и децата да не ги напуштаат домовите

Од:

Самопрогласениот градоначалник на источноукраинскиот град Славјанск Вјачеслав Пономаров ги повика децата, жените и пензионерите да не ги напуштаат домовите, а мажите – да укажат помош на доброволците во одбрана на градот, кој е под опсада од украинската армија.

– Нашиот град беше нападнат, нашиот град е опколен, имаме загуби, изјави тој во видео порака.

– Ние ќе го задржиме градот, ние ќе победиме, изјави Пономаров.

Обраќањето на Пономаров уследи откако на излезите од градот локални жители почнаа да формираат живи штитови, за да не ги пропуштат колоните на украинските сили.

На други места жителите водат преговори со војниците, обидувајќи се да не учествуваат во операцијата, која почна утрово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми