Зградата на регионалното обвинителство во Луганс, што беше окупирана од проруските сепаратисти, е ослободена, соопштија руските медиуми, цитирајќи го порпаролот на обвинителството Олга Дјаченко.
Таа прецизира дека зградата била ослободена како резултат на преговорите меѓу претставниците на власта и луѓето кои ја окупираа на 29 април.