За време на операцијата на украинската армија во Славјанск загинале пилот на украинските Воено-воздухопловни сили и еден претставник на самоодбраната на грдот, соопшти ИТАР-ТАСС.
Неколку лица се ранети, меѓу кои е и пилотот на вториот соборен хеликоптер, кој бил пренесен во болница, како и претставник на народната одбрана на самопрогласената „Доњецка Република“.
-Два хеликоптера на украинската армија се соборени. Еден припадник на народната одбрана е убиен и еден е ранет, соопшти претставничката на народната самоодбрана на Славјанск, Стела Хорошева.