Над една од барикадите во Славјанск е соборен и трет хеликоптер на украинските Воено-воздухопловни сили, соопшти телевизијата „Россија-24“, повикувајќи се на очевидци.
Хеликоптер „Ми-24“ буквално експлодирал во воздухот, откако бил погоден со фрлач на гранати.
Претходно денеска проруските сепаратисти во Славјанск соопштија дека собориле два хеликоптера. Еден пилот загинал, а вториот бил ранет и префрлен во болница.