Единиците на украинската армија презеле девет барикади во Славјанск, градот опколен

Од:

Единици на украинската армија презеле девет барикади во Славјанск, а градот е опколен, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот Фејсбук профил.

Во операцијата во Славјанск учествуваат единици на украинското МВР, Националната гарда и вооружените сили. Доброволците против нив користат тешко вооружување, вклучувајќи гранати и преносливи ракетни комплекси, додаде Аваков.

Во најскоро време во зоната на одржување на специјалната операција ќе биде запрено движењето на железничкиот сообраќај, а движењето по патиштата во реонот на Славјанск ќе биде ограничено до минимум, истакна Аваков.

Тој ги повика жителите на Славјанск и Краматорск да не излегуваат по улиците и да не стојат до прозорците.

Аваков потврди, дека еден пилот на хеликоптер е убиен и неколку ранети во операцијата во Славјанск и ги обвини проруските сепаратисти дека користат професионални платеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми