Затишје во Славјанск

Од:

Хеликоптерите на украинските ВВС прекинаа со летовите над Славјанск и во градот е затишје. Не се слушаат истрели и експлозии, а мобилните врски работат нормално, јави Итар-Тас.

Позициите на силите за самоодбрана меѓу кои и околу зградата на Службата за безбедност, се во состојба на зголемена готовност.

Околу зградата на телевизијата утрото по локално време имаше престрелки. Засега нема извештаи за жртви при таа престрелка. Агенцијата додава дека засега е јасно оти украинската армија не успеала да го заземе тој објект.

Украинската армија покрена денеска специјална операција против активисти кои се борат за автономија во источниот град Славјанск.

Градот е блокиран, а 20 хеликкоптери учествуваа во операцијата.

Руски медиуми јавија дека проруски активисти погодиле и урнале еден од хеликоптерите на украинската армија. Еден пилот бил убиен, а другиот заробен. Раша тудеј јави дека рано утрото по локално време се слушнале сирени кои предупредуваат за напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми