Маскиран разбојник влегол вчера попладне во просториите на филијала на Зират Банка Босна и заканувајќи се со огнено оружје на една од вработените се обидел насилно да ограби поголемо количество пари.
Како што се гледа на снимката, чуварот Харис Зуниќ во моментот додека напаѓачот бил свртен кон пултот зад кои жените во паника се обиделе да се скријат, му дошол од зад грб и успеал да го совлада. Работникот од обезбедувањето е полесно повреден, а напаѓачот по кусата физичка пресметка успеа да побегне од банката. Тој го оставил својот пиштол за кој е утврдено дека функционирал.