Додик: Босанските Срби никогаш не ја прифатија БиХ како држава

Од:

Босанските Србите никогаш не ја прифатија Босна и Херцеговина како држава, па затоа Република Српска треба да се осамостои, изјави претседателот на РС Милорад Додик за американскиот неделник „Њузвик“, наведувајќи дека со референдум сепак ќе почека, бидејќи не сака дестабилизација и хаос.

– Доколку регионот може да прифати две албански држави, Албанија и Косово, тогаш може да има и две српски држави, истакна Додик.

Според него, сецесионистичките движења во Шкотска и Каталонија можат да помогнат и во случајот со Република Српска.

Њујоршкиот весник сепак наведува дека не е јасно дали Додик сериозно размислува за натамошна „балканизација“ на овој регион или станува збор само за политичка игра, како и дали за тоа има поддршка од Москва.

На прашањето дали би можел да се одржи референдум за сецесија на РС, како тој на Крим, Додик предвидува дека „тоа ќе се случи ненајавено“.

Додик тврди дека Западот е селективен кога станува збор за правото на самоопределување по пат на референдум.

– Словенија се одвои од Југославија. Во 90-те години од минатиот век тие имаа референдум и прогласија независност. По неколку години станаа членка на ЕУ. И зошто случајот со Крим би бил поинаков, вели Додик.

Тој нагласи дека Србите и Русите имаат многу заедничко, но ги отфрли тврдењата дека Путин стои зад неговата кампања за референдум.

– Со него не сум разговарал за тоа прашање, истакна Додик. – Вистина е дека Русите се пофер кон нас, отколку Западот, но цивилизациски ние сме Европејци и Европа е природен сојузник на РС, рече тој.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници