Излеана Злетовска Река, поплавени 40 хектари

Од:

Поради обилните врнежи дожд и надојдените води од топењето на снегот од Осоговијата, Злетовска Река денеска се излеа од коритото низводно во атарите на селата Жиѓанци, Новоселани и Лепопелци во општината Чешиново-Облешево.

Се проценува дека штетите се големи бидејќи на дел од нивите има посеано ориз, а со поплавите водата им го однела семето.

– Направивме увид на лице место и констатиравме дека 40 хектари се поплавени од надојдените води на Злетовска Река. Со првите количини на нафта кои ги добивме го саниравме коритото на Реката кај село Уларци, бидејќи минатата година таму имавме поплави, истакна Борче Сандев, преставник на општина Чешиново-Облешево по увидот на теренот.

Тој истакна дека општината ги известила Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување за поплавите во атарите на трите села, и очекуваат во текот на попладневните часови да пристигне механизацијата за да се исчисти дел од коритото и водата да се повлече во него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани