Група украински пратеници поднесоа иницијатива во Врховната рада за разрешување на министерсот за вантрешни работи на Украина, Аресен Аваков, соопшти денеска пратеничката од редовите на опозициската Партија на регионите, Ирина Бережнаја.
Како што јави ИТАР-ТААС, Бережнаја нагласи дека Аваков е одговорен затоа што „по т.н. револуционерни настани во земјата, дошло до масовно ширење на криминалот“.
– Криминалните дела остануваат неразјаснети, низ градовите се шетаат вооружени банди, а луѓето се плашат да излезат на улица. Тоа го гледаат сите освен министерот Аваков, нагласи Бережнаја.
Таа нагласи дека Аваков треба да биде сменет и поради обидот за атентат врз градоначалникот на Харков, Генадиј Кернес.
– Уште на 17 март Генадиј Кернес изјави дека биле упатени закани на негова адреса. Тој не ја исклучи ни можноста зад тие закани да стои Аваков. Сите знаат дека меѓу нив двајцата постои нетрпеливост, потенцира Бережнаја.
Обидот за атентат врз Кернес беше извршен во понеделникот, при што тој беше сериозно ранет.