Киев ќе бара исклучување на Русија од „Блексифор“

Од:

Украина ќе предложи Русија да биде исклучена од црноморската Оперативна група за воена поморска соработка (Блексифор), јави денеска ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на иеименуван воен дипломатски извор во Москва.

Тој тврди дека Киев ваквото барање ќе го упати на седница на Групата на експертско ниво, што треба да се одржи во средината на мај во бугарскиот град Варна. Истиот извор истакнува дека Украина како причини за барањето ќе наведе дека Русија прави „систематско прекршување“ на Договорот од 2001 година за создавање на Оперативната група.

Можно е Киев да ја обвини Русија и дека се обидува да доминира со „Блексифор“ и оти ја нарушила територијалната целовитост на две нејзини земји-членки – на Грузија во 2008 и на Украина во март годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми