Турчинов: Украинските вооружени сили се на полна борбена готовност

Од:

Вооружените сили на Украина се ставени под целосна борбена готовност поради заканите од страна на Русија, изјави денеска вршителот на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов на средба со шефовите на регионалните државни администрации, пренесува ИТАР-ТАСС.

Турчинов, исто така, нагласи дека киевските власти не ги контролираат случувањата во Доњецката и Луганската област.

– Власта не ја контролира ситуацијата во Доњецк и на територијата на областа. Сакам искрено да кажам дека безбедносните структури не се во способност да ја стават под контрола ситуацијата во Доњецката и Луганската област, изјави Турчинов.

Според него забележани се обиди за дестабилизирање на ситуацијата и во Харковската, Одеската, Херсонската, Николаевската и Запорожката област.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми