Пет најлоши типови на мажи кои можете да ги запознаете на Фејсбук

Од:

Современата технологија доведе до се почесто онлајн запознавање на двојки и се поголем број на модерни љубови.

Се е поголем број на жени и мажи кои се запознале преку Фејсбук. Но, сепак треба да се биде внимателен при онлајн запознавањето, бидејќи преку Фејсбук жените можат да запознаат грозни мажи.

Типови на мажи кои треба да се избегнуваат:

Човек од две букви

Имате впечаток дека многу го интересирате, но кога ќе ви се јави, наместо убава воведна реченица, пишува само „Еј“. Да има нешто паметно да каже би рекол веднаш. Оваа е очигледно маж кој сака жената да се труди околу него, а тој само да ужива.

Човек од премногу букви

Спротивност на мажот кој премалку кажува е тој што премногу зборува. На почетокот од секој однос треба да се зборува за себе, но тоа не подразбира да се каже се за себе. Мажот кој на второто или третото допишување ја открива историјата на болеста на својата прабаба очигледно е чуден и е за избегнување.

Оставен дечко

Неговата цел не е да пронајде супер девојка, туку да ја преболи поранешната, која го повредила. Ако премногу зборува за поранешната девојка значи дека се уште има чувства кон неа.

Инстант маж

Уште на првото допишување ве нарекува „драга“? Мажите кои го прескокнуваат вообичаениот тек на запознавање и веднаш се однесуваат како долго време да сте во врска во најмала рака се емоционално нестабилни.

Дејвид Коперфилд

По неколку супер разговори и кога сте помислиле дека се убаво тргнало, тој исчезнува. Такви ги има многу, а на сите заедничко им е тоа што се допишуваат со многу девојки, па кога една ќе престане да биде интересна, тие едноставно исчезнуваат.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ