Сменет министерот за безбедност на БиХ

Од:

Босанскиот министер за безбедност Фахрудин Радончиќ денеска беше разрешен од фунцијата, поради тоа што не успеал да го спречи насилството за време на протестите во февруари, кои беа организирани против корупцијата и невработеноста.

Иницијативата за смена на Радончиќ, кој е лидер на Сојузот за подобра иднина на БиХ (СББ), поради насилството во кое беа повредени неколку стотина лица, од кои поголемиот број полицајци, ја покрена Партијата за демократска акција (СДА).

Протестите против корупцијата и затворањето на претпријатијата се проширија низ цела Босна и Херцеговина. Демонстрантите запалија владини згради во поголемите градови на земјата, вклучително и Претседателството во Сараево. Помали протести и натаму продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници