Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ утре на прв сериозен тест

Од:

По денешната пеколна и тензична атмосфера на  надзорната расправа за субвенциите, и утре „тежок“ ден во законодавниот дом.

Матичното собраниско тело, комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за законот за правата на бранителите и нивните семејства.

Ќе се отворат картите, дали  е вистинска и фингирана кризата во коалицијата. Дали како и неколку пати досега, случајот со Калето, енциклопедијата, македонскиот јазик за првачињата од албанска националност, секој ќе си го билдаше рејтингот кај сопственото гласачко тело, за потоа да излезе дека се било во ред и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ си функционираше непречено.

Од ДУИ велат дека се подготвени  на се за да го спречат  донесувањето на законот .

Како опција го споменуваат илјадниците поденесени амандмани за ја закочат работата на собранието, но и целосна блокада на сите предлози кои доаѓаат од Владата. Без гласовите на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го нема неопходното мнозинство а и секој закон што се носи со Бадентер, ќе „виси“.

ДУИ веќе се заканија, а денеска повторуваат дека и напуштањето на Владата е опција, но како последен чекор.

Премиерот Груевски веќе изјави дека од принципиелната политика не отстапуваат, не дозволуваат да се урива македонското достоинство, и се подготвени и на предвремени избори.

ДПА и дава подршка на ДУИ за да се спречи, како што велат, носењето на штетниот закон.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски