Традиционална спринтерска трка на келнери во Буенос Аирес

Од:

Неколку стотици келнери и келнерки во саботата во Буенос Аирес учествуваа во традиционалната трка на келнери, долга 3,2 километри.

Аргентинската престолнина има долга историја на угостителство, на чие популаризирање најмногу придонеле италијанските и шпански имигранти.

Како што пренесува Би-Би-СИ, облечени во униформи на своите ресторани, аргентинските келнери и келнерки, кои допатувале од сите краишта на земјата, ги одмерија силите на улиците на Буенос Аирес.

Додека грабеа кон целта, натпреварувачите мораа да ја оддржуваат рамнотежата за да не ги истурат напитоците од своите послужавници. Сите носеа по две шишиња и една чаша.

Во оваа вештина жените се покажаа подобри, додека во машкиот табор имаше неколку „спрепнувања“.

Првата трка на келнери е забележена во Франција на почетокот на 20 век. Набрзо почнала да се организира ширум Европа. Овие натпреварувања се оддржуваат во повеќе од 60 земју ширум светот.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ