Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ денеска за Танјуг изјави дека веќе упатил покана до српскиот премиер Александар Вучиќ за учество на Петата меѓународна инвестициска конференција „Сараево Бизнис Форум“, што на 14 и 15 мај ќе се оддржи во Сараево.
Изетбеговиќ изјави дека се надева оти премиерот Вучиќ ќе ја прифати поканата , бидејќи тоа, како што вели, ќе биде добра можност за разговор за унапредување на економската соработка и заедничките проекти за економско заздравување и развој на двете држави.
-Уверен сум дека преку еден координиран настап можеме да привлечеме значајни странски инвестиции во целиот регион, особено во областите енергетика, инфраструктура, земјоделие и туризам, како и да отвориме нови пазари за нашите компании во странство, истакна бошњачкиот член на Претседателството на БиХ.
Според Изетбеговиќ, премиерот Вучиќ е свесен за заедничките можности и затоа очекува во него и неговата Влада да има добри партнери со кои БиХ, врз основа на взаемно почитување, но и изразени заеднички интереси, во следните години ќе изгради коректни и стабилни меѓудржавни односи и заедничка европска иднина.