„Индепендент“: Тешко е да се воспостави ред во кризните реони на источна Украина

Од:

Висок функционер на украинската разузнавачка агенција изјави за лондонски „Индепендент“ дека ситуацијата во кризните реони на источна Украина е мошне сложена, како и дека таму е „исклучително тешко да се воспостави ред и почитување на правниот поредок“.

Овој функционер, чиј идентитет весникот не го открива, признава дека властите во Киев повеќе не им веруваат на локалните функционери, а не веруваат ниту во лојалноста на тамошната полиција.

– Некои од нив (полицајците) и натаму се со нас (во Киев) и на нив може да се смета, но другите се отворено против нас, признава овој разузнавачки функционер на Украина.

Според неговото мислење, добар дел од украинските полициски сили на истокот од земјата само чекаат за да видат како понатаму ќе се развиваат работите, за да се определат дали ќе останат лојални на украинската Влада или ќе се свртат кон проруските сепаратисти.

Оваа изјава е првото признание на привремените власти во Киев дека тие ја губат контролата врз истокот и дека не знаат како да го спречат хаосот и безвластието што се проширува.

Признанието во лондонскиот весник доаѓа во време кога ЕУ се подготвува за нов пакет уште поостри санкции кон Русија кои многу е веројатно дека ќе ја заострат ситуацијата на теренот.

Официјален Лондон кој досега беше внимателен околу казнување на Москва, сега заговара нови санкции. Се смета дека тоа е последица на телефонскиот разговор на британскиот премиер Дејвид Камерон и американскиот претседател Барак Обама и на притисокот на САД врз неговите главни европски сојузници.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека „санкциите против Русија е цената која вреди да се плати“.

Лондонските медиуми, сепак, укажуваат на стравот оти мерките на ЕУ ќе ја погодат и самата Унија, а посебно тоа може да го почувствува британскиот главен град, каде многу Руси имаат инвестирано „големи пари“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми