Украина подготвена да плаќа 268 долари за 1.000 кубни метри гас

Од:

Украина е подготвена да и плати на „Газпром“ по 268 долари за 1.000 кубни метри гас со што би можела побрзо да го анулира долгот од 2,2 милијарди долари кон руската државна компанија, изјави денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Тој наведе и дека украинската Влада и државната компанија „Нафтогаз“ почнале процедура пред арбитражниот суд во Стокхолм за високата цена на гасот и оти руската страна има рок од 30 денови да одговори на предлогот на Киев.

– Ако до 30 дена не се постигне договор… ние ќе се обратиме кон тој Суд за да го реши спорот со рускиот монопол на гас, посочи Јацењук.

„Газпром“ одби да го коментира предлогот на Киев за брзо анулирање на долгот со цена од 268 долари за 1.000 кубни метри гас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми