Вонреден состанок на ОБСЕ поради Украина

Од:

Советот на ОБСЕ, денеска во 15 часот во Виена ќе одржи вонреден состанок, кој ќе биде посветен за состојбата во Украина, изјави портпаролката на таа организација, Наташа Рајаковиќ.

Осмина набљудувачи на ОБСЕ и четворица Украинци од неколку европски држави беа притворени во петок, во Славјанск, на исток на Украина, а новата управа на тој град соопшти дека тие се „воени затвореници“.

Еден од осмината набљудувачи, вчера беше ослободен, а се уште продолжуваат преговорите со проруските бунтовници за ослободување на останатите. Дидије Буркхалтер, министер за надворешни работи на Швајцарија, која што претседава со ОБСЕ, го осуди притворањето на набљудувачите и апелираше проруските власти на исток во Украина, да ги ослободат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми