ВИДЕО: Протести на граѓаните за поевтина струја и парно греење

Од:

Вечерва продолжија протестите на граѓаните по иницијатива на Иницијативата АМАН, а од денеска и со поддршка од Синдикатот на работниците на управата и правосудството. Иако протестираат веќе четври пат, одговор нема од надлежните за нивните барања.

Тие пред два дена доставија иницијатива во Собранието за одржување надзорна расправа во Комисијата за економски прашања за работата на регулаторната и методите на формирање на цените.

Од Синдикатот на УПОЗ сметаат дека за вакво социјално прашање Синдикатот мора да реагира, зашто е загрозена економско-социјалната положба на нивните семејства и општо на сите граѓани во Македонија.

И вечерва со извици „Лопови, лопови“, „Нема да ви плаќаме“, граѓаните ги упатија барањата за укинување на 33% ангажирана моќност, и враќање на цената на електричната енергија и парното греење од 2008 година и создавање на цена на горивата соодветно на македонските стандарди.

Граѓаните и вечерва отидоа на прошетка со извици на негодување пред Собранието и улицата Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, тврди Дурмиши

Горан Наумовски

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски