„Приврзаници на федерализацијата на Украина“ во источниот град Лугањск синоќа прогласија создавање на „Лугањска Народна Република“, јави ИТАР-ТАСС.
Демонстрантите за време на митингот поставиле ултиматум до властите во Киев со кој бараат амнестија за сите учесници во протестите во јужните и источните делови на Украина, признавање на рускиот јазик за официјален државен јазик и спроведување на референдум за самоопределување на регионот.
Ако до 29 април овие барање не бидат исполнети, проруските сепаратисти се заканија дека ќе преминат кон активни дејствија.
Пред неколку дена во Лугањск беше формиран заеднички штаб за југоисточна Украина, што ги координира активностите на штабовите во другите регионои.