На еден вработен човек во Романија има по 1,20 пензионери, се вели во податоци на Министерството за труд.
Во крајот на минатата година вкупниот број на пензионери во Романија бил 5.224.882 луѓе додека во работен однос биле 4.328.000 луѓе.
Околу 90 отсто од пензионерите во Романија се пензионирале согласно правилата за стаж и возраст, а околу 10 отсто се пензионирани земјоделци. Просечно пензијата во Романија е 809 леи (180 евра).