Аваков: Операцијата во источна Украина напредува

Од:

Украинската операција против „проруските бунтовници“ во источниот дел на земјата напредува и силите за безбедност имаат доволно ресурси да продолжат колку и да е потребно, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков.

Аваков ги отфрли тврдењата дека ја Киев суспендирал „антитерористичката операција“ поради заканите на Москва, откако украинските сили  се приближија до бунтовничкото упориште.

– Нема никакви суспензии на антитерористичката операција поради заканата од инвазија на руските вооружени сили, порача тој преку Фејсбук. – Операцијата продолжува. Терористите треба постојано да бидат во состојба готовност. Цивилите немаат од што да се плашат, наведе Аваков.

Украинскиот министер нагласи и дека Киев води сметка да нема цивилни жртви.

Москва претходно предупреди дека би можела да реагира за да ги заштити цивилите.

Украинските власти на 15 април почнаа специјална безбедносна операција во југоисточна Украина, каде од март траат митинзи на приврзаниците на идејата за федерализација на Украина, а вчера е покрената акција кај градот Славјанск во Доњецката област, во која загинаа најмалку пет лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми