Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук изјави дека Русија сака да започне Трета светска војна, со „воената и политичка“ окупација на Украина и создавање конфликти.
Според неговите зборови тој конфликт може да се прошири и на остатокот во Европа.
-Обидот да се предизвика воен конфликт во Украина ќе доведе до воен конфликт во Европа-рече тој, обраќајќи им се на министрите во новата влада, пренесе „Ројтерс“.
Тој во својот говор предупреди дека светот „се уште не ја заборавил Втората светска војна, но дека Русија сака да започне и трета“.
Е. Г