Седум лица повредени при експлозија на контролен пункт во близина на Одеса

Од:

Седум лица се повредени денеска при активирање на експлозивна направа на контролен пункт во близина на украинскиот црноморски пристанишен град Одеса, соопшти локалната полиција.

Како што јави ИТАР-ТАСС, жители на Одеса поставија неколку контролни пункта во околината на градот, со цел да спречат влез на проруски активисти од молдавската сепаратистичка област Придњестровје.

– Имаше експлозивна направа. Експлозијата се случи околу 4 часот изутрина на контролен пункт на локалната самоодбрана, изјави портпарол на полицијата.

Седум лица се повредени од шрапнели, меѓу кои и еден полицаец. Тие се пренесени во градската болница и се надвор од животна опасност.

Според началникот на регионалната управа на Министерството за внатрешни работи, Пјотр Луцк, како што пренесува ИТАР-ТАСС, ваквите контролни пунктови се поставени од демонстранти од Киев, кои имаат за цел дестабилизација на ситуацијата. – Поставени се 12 пунктови со нејасен правен статус, на кои во смени се распоредени над 500 лица, истакнал Луцк.

Гувернерот на Одеската област Владимир Немировски, кого го именуваа новите киевските власти, ваквите контролни пунктови ги оцени како „неопходни за контролните активности на милицијата“. Тој, сепак, признал дека во поставувањето на контролните пунктови не учествувале локални жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми