Во Доњецката област објавена мобилизација

Од:

Во Доњецката област е објавена мобилизација на приврзаниците на федерализацијата на Украина поради воената операција на украинските власти во Славјанск, соопшти претставник на раководството на самопрогласената Доњецка народна република.

– Во Славјанск почна општовоена операција. Тоа значи само едно – граѓанска војна, рече тој.

Утрово во околината на Славјанск, почна „активната фаза“ на „антитерористичката операција“ со специјални единици, оклопни возила и воздушна поддршка од воени хеликоптери. Украинското МВР соопшти за „до петмина убиени сепаратисти“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми