Сепаратистите од Доњецк не планираат спроведување на изборите за претседател на Украина

Од:

Лидерите на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ најавија дека во овој регион од Источна Украина нема да бидат спроведени изборите за претседател на Украина што се закажани за 25 мај, јави ИТАР-ТАСС.

Копретседателот на Президиумот на т.н. „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин, најави дека властите на овој сепаратистички регион „ќе ги игнорираат“ претседателските избори.

– Како можеме да учествуваме на избори што фактички се одржуваат кај нашите соседи, а не кај нас. Во сегашната ситуација е невозможно да биде избран претседател, кој би ги задоволил и западниот и источниот дел на земјата, нагласи Пушилин.

Од друга страна, претседателот на украинската Централна изборна комисија, Михаил Охендовски изјави дека и покрај ваквите закани изборите за нов претседател на Украина ќе се оддржат на 25 мај, како и што е планирано.

Според него, согласно изборното законодавство, изборите би биле легитимни дури и ако се оддржат само во една изборна единица.

Тој потенцира дека нема простор за загриженост од причина што состојбата во југоисточниот дел на Украина „наскоро ќе се нормализира“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми