Падот на вредноста на доларот во однос на еврото предизвика пораст на цените на нафтата на светскиот пазар, веднаш откако рафинериите околу Мексиканскиот залив направија пауза во работењето, а главиниот виновник за тоа е ураганот „Ајзак“.
Берзата во Њујорк, не работи поради продолжениот викенд заради „Денот на трудот“. Во Лондон, цената на суровата нафта од Северното Море се зголеми за 15 центи и сега е 115,93 долари за барел.
Европската централна банка и понатаму се обидува да ја зачува вредноста на еврото и да се справи со должничката криза во еврозоната, па со тоа и придонесе за раст на еврото во однос на доларот.
По речиси две години од 1,20 дилари, заради новонастанатата ситуација еврото зајакна на 1,26 долари.
Зголемување на цените на нафтата, која се тргува во долари предизвика пад на американската валута.